недела, 1. август 2021. Вести денес: 117
home Вести

Строг карантин во Сиднеј поради зголемен број на заразени со делта сојот

Строг карантин во Сиднеј поради зголемен број на заразени со делта сојот

Центарот на Сиднеј и некои од предградијата од денеска на полноќ влегуваат во еднонеделен строг карантин, додека властите се борат да го задржат под контрола новиот бран на многу заразната делта мутација на коронавирусот.

– На луѓето кои живеат или кои поради работа престојувале во четири делови од Сиднеј во последните две недели, им е наложено да останат дома, освен поради итни причини, изјави премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.

Таа објасни дека на граѓаните им е дозволено да ги напуштат своите домови само поради основни работи или образование, медицински причини, снабдување со намирници или вежбање на отворено.

– Не сакаме оваа состојба да трае со недели, сакаме да заврши колку е можно побрзо, истакна Береџиклиан.

Властите во Нов Јужен Велс воведоа претходно задолжително носење на маски во сите затворени простори во Сиднеј, вклучително и канцеларии, им забранија на жителите на седум населби да го напуштаат градот и ги ограничија домашни собири на пет лица, со цел да се спречи новиот бран на инфекции.

Коронавирус