петок, 4. декември 2020. Вести денес: 42
home Вести

Стразбур: Напаѓачот опколен, четири лица убиени

Стразбур: Напаѓачот опколен, четири лица убиени

Француската полиција го опколи напаѓачот, кој е во престрелка во Стразбур, во близина на Божиќниот базар, уби најмалку четири лица, а повредени се 11, вели извор близок до истрагата.

Напаѓачот е идентификуван како 29-годишен маж, а неговиот стан претходно бил претресен во рамки на истрагата за грабеж извршен летото.

Постои сомнеж дека напаѓачот е екстремист, но мотивот се уште не е утврден.

Париското обвинителство ќе почне истрага за пукањето во центарот на Стразбур како да се работи за терористички напад.

Обвинител, кој е задолжен за противтерористички истраги, ќе допатува во Стразбур, соопшти неговата канцеларија.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, додаде дека напаѓачот претходно и бил познат на полицијата и имал досие. Локалните власти велат дека тој од порано го свртел на себе вниманието на разузнавачките служби.

Затворен е и Европскиот парламент, а на персоналот му е наредено да остане во просториите на Парламентот.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани рече дека центарот на градот „не е безбеден”, а пратениците кои останале таму, треба да знаат, дека ќе биде формиран конвојот со француска полиција, кога тоа ќе биде можно.

-Невозможно е да се оди во центарот без тој конвој, рече претседателот на Европскиот парламент.

Градоначалникот на Стразбур објави ден на жалост по нападот во градот. (МИА)

Коронавирус