четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 47
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски по посетата на семејство погодено од несреќата во Тетово

home Вести

Стравична сообраќајка во Загреб: Со Ауди разнесе цела трамвајска станица (ВИДЕО)

Стравична сообраќајка во Загреб: Со Ауди разнесе цела трамвајска станица (ВИДЕО)

Во ноќните часови недела спроти понеделник минатиот викенд, во Загреб се случи стравична сообраќајна несреќа која, за среќа, помина без жртви и загубени животи.

Во раните утрински часови возач на автомобил „Ауди“ со голема брзина удрил во трамвајска станица во близина на главната пошта.

Полицијата соопшти дека 31-годишник управувал со личен автомобил марка „ауди А6“ со загрепски регистарски таблици, а се движел по улицата Кнез Бранимир во насока кон запад.

Тој од сообраќајната лента за вртење десно продолжил да се движи право поради што со предните тркала налетал на пешачки остров за насочување на сообраќајот и поминал преку него налетувајќи на два столба на пешачки семафори. Потоа продолжил да се движи по станица на трамвај и со предниот дел налетал на оградата и натстрешницата.

Сѐ се гледа на снимката од безбедносната камера која е објавена на социјалните мрежи. Во сообраќајната несреќа е тешко повреден 31-годишниот возач кој управувал со автомобилот и пружена му е лекарска помош.

Коронавирус