вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Страв и ужас во руски циркус: Мечка го гризеше дресерот пред очите на публиката

Страв и ужас во руски циркус: Мечка го гризеше дресерот пред очите на публиката

Публиката во еден руски циркус просуствуваше на застрашувачка сцена кога наеднаш мечка среде претстава се сврте против својот дресер и го нападна.

Драматичните снимки се појавија на социјалните мрежи по инцидентот во средата во градот Олонец на северозападот на Русија, а на нив се гледа моментот кога дресерите губат контрола над животното.

Набрзо по точката за која е дресирана – туркање на количката преку бината до дресерот, мечката наеденаш тргнала на него, почнала да го гризе и го турнала на земја.

Бидејќи во циркусот немало заштитна ограда меѓу публиката и бината, луѓето по првичниот шок, почнале да ги грабаат своите деца и работите и да бегаат од таму.

Еден помошник дотрча да му помогне на дресерот, шутирајќи ја мечката во обид да го запре нападот, но мечката продолжи да го гризе човекот на падот.

На крајот животното го смирија со електрошок, рече еден сведок за Газета.ру.

За среќа, ниту мечката ниту дресерот ниту пак гледачите не е се сериозно повредени во индицентот.

Директорот на циркусот за Газета.ру објави дека оваа точка повеќе нема да биде дел од пограмата.

Изгледа дека за инцидентот ја обвини публиката, велејќи дека некој од гледачите го прекршил правилото и користел блиц при фотографирањето на настапот поради што животното збеснало.

Коронавирус