вторник, 21. август 2018. Вести денес: 95
home Вести

Страв и паника во авион на кој му експлодираше моторот: Еве што објави патник на Фејсбук (ФОТО)

Страв и паника во авион на кој му експлодираше моторот: Еве што објави патник на Фејсбук (ФОТО)

Авион на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ на летот од Њујорк за Далас, принудно слета денеска на филаделфискиот аеродром, бидејќи му експлодира левиот мотор, а деловите оштетија неколку прозорци.

Засега не се знае дали некој е повреден во инцидентот.

– Во авионот Боинг-737 се наоѓале 143 патници и пет членови на екипажот, соопшти компанијата.

Патникот Марти Мартинез на Фејсбук објави снимка на која носи маска со кислород и вели:

– Нешто не е во ред со нашиот авион! Изгледа дека се спуштаме! Итно слетување! Лет „Саутвест“ од Њујорк за Далас.

Филаделфискиот аеродром објави на Твитер дека авионот на летот 1389 на релација Њујорк-Далас „безбедно слета во Филаделфија и патниците се однесени до терминалот“.