Повеќе од 95 проценти од светската популација дише опасно загаден воздух со тоа што луѓето во земјите во развој се во двојна опасност, затоа што загадениот воздух го дишат надвор од своите домови и внатре во нив.
Кризата со загадениот воздух дојде во центарот на вниманието откако се спроведуваат прецизни мерења. Загадениот воздух предизвикал смрт на 6,1 милиони лица во 2016 година, при што предничи надворешниот воздух кој е одговорен за 4,1 милиони смртни случаи, покажа студијата на ХЕИ.
Проблемот почна дополнително да се станува полош, бидејќи светската популација забрзано се сели во урбаните средини. На светско ниво, бројот на смртни случаи поради загаден воздух се зголеми за 19,5 проценти од 3.3 милиони во 1990 година.
Тоа значи дека загадувањето на воздухот е четврта најчеста причина за смрт, а пред него се само високиот крвен притисок, дебелина и пушење.
Во студијата е користена технологија како што се сателити кои ги истражуваат подрачјата на загадување како би дошле до податоци за влијанието на загадувањето на воздухот ширум светот.
Околу седум милиони луѓе, односно 95 проценти од вкупната популација на луѓето живее во подрачја во кои ситните честички ги поминуваат препораките на Светската здравствена организација, а 60 проценти од нив живи во подрачја каде количината на честички ги поминува сите мерки кои ги има даде СЗО.
Најголемо загадување има во Азија, најзагадени земји се Кина и Индија.