петок, 14. мај 2021. Вести денес: 8
home Вести

Страшни исповеди на патници од авион чиј мотор експлодираше: Крв имаше насекаде, жена висеше од прозор (ФОТО+ВИДЕО)

Страшни исповеди на патници од авион чиј мотор експлодираше: Крв имаше насекаде, жена висеше од прозор (ФОТО+ВИДЕО)

Патниците кои едвај го преживеаја летот со авионот на „Саутвест ерлајнс“ каде синоќа експлодираше мотор во текот на летот го опишаа хоророт низ кој поминале.

Во оваа несреќа загина Американката, 43 годишната Џенифер Риорден, која седела покрај прозорот каде што се наоѓа моторот. Деловите од турбината го скршиле стаклото и тешко ја повредиле жената, која за малку не била одлетала од авионот. Кога веќе била надвор од авионот патниците со натчовечки напори успеале да ја повлечат назад на седиштето и така ја држеле додека авионот н слетал. Сцената била морничава, а според сведочењето на патниците нејзина крв имало насекаде низ авионот.

Еден од патниците, Марти Мартинез, објави видео во живо на Фејсбук баш во моментот кога се одвивала драмта.

-Нешто не е во ред со нашиот авион! Се чини дека паѓаме! Ќе имаме принудно слетување, кажа во вознемирувачката снимка Мартинез, кој во текот на драмата уплатил осум долари за ви-фи како би можел да се поздрави со саканите.

-Кога прозорот се скрши, цел авион мирисаше на пепел, изјави тој.

Другите патници подоцна раскажаа дека крв имало насекаде. Владеела паника, а се прошириле гласини дека некој доживеал срцев удар.

-После експлозијата нагло пропаднавме. Некои почнаа да паничат, беше баш гадно, кажа Тимоти Бурман кој седел во задниот дел од авионот.

-Некое време бевме надвор од контрола. Пилотот се мачеше со контролирањето на авионот. Сите мислевме дека паѓаме. Жена ми и јас мислевме дека умираме. Навистина бевме благодарни што сепак преживеавме, кажа Бурман.

-Стјуардесите се растрчаа низ авионот. Владееше хаос. Сите свртеа на таа дупка каде што беше прозорот. Не знаевме што да правиме со тоа, да го прекриеме прозорот или нешто слично. Се мирисаше на чад. Беше толку страшно што некои членови на екипажот не можеа да го сокријат својот ужас, објаснува тој.

Како авионот почнал да се приближува на пистата стјуардесите барале од патниците да се спремат за удар. Но слетувањето минало прилично мирно.

-Бевме без еден мотор можеби 10 минути. Брзо од 2.500 метри се спуштивме на 1.500, но после тоа беше полесно, пилотите и екипажот завршија одлична работа, изјави еден од патниците по слетувањето.

Во авионот кој леташе на линија Њујорк- Далас имало околу 150 патници и членови на екипажот. Во несреќата загинала Џенифер Риорден, потешко се повредени 12 лица, а полесно седум.

Коронавирус