понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Страшна сообраќајка, автобус падна во река: Загинаа 13 лица, се трага по 2 (ВИДЕО)

Страшна сообраќајка, автобус падна во река: Загинаа 13 лица, се трага по 2 (ВИДЕО)

Кавга помеѓу еден возач и патник довела до пад на автобус во реката Јангце на југозападот од Кина. Во сообраќајната несреќа загинале 13 лица, а две се уште се водат како исчезнати, соопштила денеска полицијата.

На видео снимката од осум секунди, која полицијата ја објавила на социјалните мрежи, се гледа кавгата помеѓу двете лица по што автобусот свртел во погрешната лента, удрил во еден автомобил и паднал од мостот, пренесува “AP”‘.

Полицијата навела дека патникот започнал кавга со возачот откако тој не застанал на станицата на која патникот требало да се симне.

Засега се пронајдени 13 тела, додека за две се уште се трага, а се претпоставува дека никој од патниците не преживеал.

Коронавирус