среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 147
home Вести

Страшен податок: Коронавирусот одзеде повеќе животи во САД отколку Втората светска војна

Страшен податок: Коронавирусот одзеде повеќе животи во САД отколку Втората светска војна

Повеќе Американци починаа од Ковид-19 отколку за време на Втората светска војна, покажуваат податоците на Унивзеритетот Џон Хопкинс.

Според податоците од вчера, досега во САД 405.400 луѓе починале од вирусот, наспроти 405.399 Американци убиени за време на Втората светска војна. Една од главните цели на администрацијата на новиот претседател Џо Бајден е вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена.

Бајден предупреди дека најлошото од пандемија допрва претстои.

Случаите на коронавирус се приближуваат до 100 милиони во светот (во моментов повеќе од 96 милиони) и повеќе од два милиони починати.

САД се земја која е најпогодена од пандемијата на коронавирус во светот.

Коронавирус