недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Стотина италијански научници упатија апел за итни мерки против коронавирусот

Стотина италијански научници упатија апел за итни мерки против коронавирусот

Повеќе од сто италијански научници од различни професионални сфери упатија апел до претседателот и премиерот на Италија, изразувајќи загриженост во врска со секојдневното зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19.

Тие во писмото наведуваат дека е потребно, паралелно со мерките за зачувување на економијата и работните места, да се зачува и правото на индивидуално и колективно здравје на граѓаните, во согласност со Уставот.

„Неопходно е да се преземат итни и ефективни мерки, во следните два или три дена, со цел да се запре загрижувачкото ширење на коронавирусот, за да не ги броиме жртвите на Ковид-19 во стотици на ден во наредните денови“, напишаа научниците во пораката до највисоките политички власти на Италија.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, меѓу поддржувачите се најистакнатите италијански научници, меѓу кои и претседателот на Академијата на науките „Линчеи“, професорот Џорџо Париси.

Поддржувачите се научници, универзитетски професори и членови на истражувачки институти, кои не се директно вклучени во донесувањето мерки против ширењето на Ковид-19, но, во услови на загрижувачки раст на инфекцијата, решија да апелираат до властите да преземат итни и одлучни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Коронавирус