понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Вести

Стотици Палестинци на протести во Газа поради договорот меѓу Израел и ОАЕ

Стотици Палестинци на протести во Газа поради договорот меѓу Израел и ОАЕ

Стотици Палестинци во Појасот Газа протестираа денеска поради договорот, склучен со посредство на САД, за нормализирање на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Демонстрантите палеја израелски и американски знамиња и ги газеа фотографии на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп, извикувајќи дека „нормализацијата е предавство на Ерусалим и Палестина“.

За разлика од палестинските демонстранти, кои минатиот петок палеа фотографии од престонаследникот на Емиратите во близина на џамијата „Ал Акса“ во ерусалимскиот Стар град, демонстрантите во Газа не ги палеја симболи на ОАЕ, веројатно за да не се замерат на таа заливска земја, каде што работат и живеат десетици илјади Палестинци. (МИА)

Коронавирус