петок, 30. септември 2022. Вести денес: 178
home Вести

Стотици откажани летови поради снежно невреме во САД

На почетокот од неделава авиокомпаниите ги предупредија патниците да очекуваат откажување на летови и до државите Минесота, Мичиген, Висконсин, Илиноис, Индијана и Охајо.
Стотици откажани летови поради снежно невреме во САД

Илјадници патници се блокирани на аеродроми затоа што нивните авионски летови се откажани поради снежно невреме во некои делови на САД.

Авијациските власти денеска соопштија дека се откажани 550 летови на меѓународниот аеродром О’Хер и околу 230 летови на аеродромот „Мидвеј“ во Чикаго.

Откажани се и повеќе од 100 летови на меѓународниот аеродром во Детроит.

Патиштата во Чикаго се покриени со мраз и снег, а во текот на ноќта се случиле најмалку 25 сообраќајни несреќи.

На почетокот од неделава авиокомпаниите ги предупредија патниците да очекуваат откажување на летови и до државите Минесота, Мичиген, Висконсин, Илиноис, Индијана и Охајо.

Некои владини служби во САД  запреа со работа отакако, а еден ден не работеа ни училиштата во Илиноис, Индијана и Мичиген.

Областа зафатена со невремето се протега од Западна Монтана до Јужен Мичиген. Националната метеоролошка служба предупреди дека на некои места може да паднат до 36 сантиметри снег. (МИА)

Коронавирус