вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 79
home Вести

Стотици мигранти ја минаа границата на Гватемала со Мексико

Стотици мигранти ја минаа границата на Гватемала со Мексико

Стотици луѓе, мигранти од Централна Америка, денеска ја преминаа границата на Гватемала со Мексико.

На телевизиските снимки се гледа колона на мигрантите што се насочува кон јужниот мексикански град Тапачула, откако ја премина реката Сучиате, која ги дели Мексико и Гватемала.

Во малиот град Фронтера Хидалго, сместен на бреговите на реката Сучиате, стотици мигранти запреа за да се одморат пред да го продолжат своето патување.
Мексиканските безбедносни сили ги забележале мигрантите, но не интервенирале, тврдат сведоци.

Некои од мигрантите добиле обрасци за да побараат азил во мексиканската агенција за азил КОМАР.

Повеќето мигранти сакаат да одат во САД, но американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок на Мексико да донесе построги мерки за спречување на приливот на мигранти.