среда, 25. април 2018. Вести денес: 32
home Вести

Столтенберг: Турција има клучна улога во НАТО

Столтенберг: Турција има клучна улога во НАТО

Турција прави многу за НАТО и таа има клучна улога во Алијанса, изјави денеска во Анкара првиот човек на  Сверноатлантскиот пакт, Јенс Столтенберг.

– Турција е сојузник кој има клучна улога во рамки на Алијансата. Тирција има сериозен придонес во гарантирањето на заедничката безбедност и за прашањата поврзани со борбата против терористичката група Исламска држава, изјави Столтенберг на прес-конференција по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Првиот човек на НАТО истакна дека на средбата со Чавушоглу разговарале за операцијата „Маслиново гранче“ на турската армија во реонот на северозападниот сириски град Африн, како и за „акцијата на САД и сојузниците во Сирија“.

Јенс Столтенберг и Мевљут Чавушоглу

– Ниту еден сојузник на НАТО не настрада толку многу од тероризмот колку Турција, посочи Столтенберг.

Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи, што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари почна воена оперцијата против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. По неколку неделини борби, на почетокот на март турските сили презедоа целосна контрола врз регионот.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Јенс Столтенберг

Столтенберг вчера во интервју за Анадолија нагласи дека целта на неговата денешна посета на Турција е подготовката за престојниот самит на НАТО во јули во Брисел, додавајќи дека со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со шефот на дипломатијата Чавушоглу и со министерот за одбрана Нуретин Џаникли ќе разговара за повеќе регионални и глобални прашања.

Според него, Турција е значаен и клучен сојузник на Алијансата пред се поради нејзината стратешка положба и затоа ги смета за многу важни консултациите со турските лидери околу подготовките за Самитот во Брисел, на кој ќе се разговара за повеќе значајни теми во однос на тоа како НАТО да се адаптира во услови на зголемени безбедносни предизвици.

– Турција е важна за НАТО, но и НАТО е важен за Турција, истакнува Столтенберг во интервјуто.

МИА