Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика денеска 29 држави членки на Алијансата да го остават настрана трговскиот судир што се влошува како и прашањето за климата и нуклеарниот догвоор со Иран. Тој е загрижен дека тие тензии може да му наштетат на воениот сојуз.
Столтенберг тоа го нагласува во авторски текст во Гардијан.
– Врските кои нас не држат заедно се под притисок….Мораме да продолжиме да работиме на нашите разлики – и таму каде разликите остануваат мора да ограничиме какво било негативно влинаие на нашата безбедносна соработка, нагласи Столтенберг.
Неговата порака е упатена на помалку од еден месец пред состанокот на претседателот на САД со колегите од НАТО на самит во Брисел.
МИА