недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 56
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски по посетата на Свети Николе

home Вести

Столтенберг: Ќе продолжиме да ги набљудуваме терористичките обиди во Авганистан

Столтенберг: Ќе продолжиме да ги набљудуваме терористичките обиди во Авганистан

По првиот ден од министерскиот состанок за одбрана на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг порача дека Алијансата ќе продолжи да набљудува што се случува во Авганистан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Првиот физички состанок на министрите за одбрана на НАТО беше посветен на геополитичките предизвици и лекциите што треба да се извлечат по повлекувањето на воените трупи од Авганистан, каде талибанците ја преземаа власта.

– Разговаравме како да се сочуваат добивките и Авганистан никогаш повеќе да не биде безбедно место за терористи, ќе ги набљудуваме сите обиди на терористичките групи да се здружат во Авганистан и имаме капацитет за удар над хоризонтот, рече генералниот секретар на НАТО на прес конференцијата.

Што се однесува до талибанската власт, сојузниците се сложиле денеска дека ќе бараат отчетност од нив, пред сѐ во делот на отворање безбеден пат за тие што заминуваат и почитување на човековите права.

Столтенберг ги поздрави земјите кои примија авганистански бегалци и им обезбедија нов живот. Утре ќе се разговара и за глобалната коалиција против ИСИС.

Сојузниците исто така се заложиле дека ќе продолжат да одговараат „пропорционално“ на заканите од Русија и дека немаат намера да распределат копнени проектили против оваа земја.

Генералниот секретар се осврна повторно и на разговорите во ЕУ за креирање сопствена одбрана.

– Ги поздравувам напорите на ЕУ во делот на одбрана кога станува збор за зголемување на подготвеноста и обезбедувањето нови капацитети, денеска сојузниците, меѓу кои и ЕУ сојузници, се сложија дека треба да се зголеми подготвеноста на силите, изјави Столтенберг.

НАТО очекува ЕУ да не ја гради својата одбрана во конкурентност со Северноатлантската алијанса.

Коронавирус