понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг ќе претседава со состанокот на НАТО во Турција

Столтенберг ќе претседава со состанокот на НАТО во Турција

Северноатлантскиот совет на НАТО, механизмот за донесување одлуки од највисок степен, по повод 25-годишнината од Медитеранскиот дијалог, ќе се состане во Турција, а со состанокот ќе претседава генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесува Анадолија.

Според соопштението на НАТО, на состанокот, што ќе се одржи на 6 и 7 мај, ќе присуствуваат и партнерите на НАТО во рамките на Медитеранскиот дијалог.

Генералниот секретар на НАТО ќе одржи и билатерални разговори со високи претставници на Турција. (МИА)