четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 118
home Вести

Столтенберг: Има зголемување на тензиите на Западен Балкан

Столтенберг: Има зголемување на тензиите на Западен Балкан

На Западен Балкан, вклучително и во БиХ и Косово, приметно е дека има зголемување на тензиите изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој на прес-конференција по вчерашната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига рече дека се разговарало за стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, пренесува Српскаинфо.

– Регионот измина долг пат од војната во 1990-тите. Сепак, неодамна забележавме зголемување на тензиите, вклучително и на Косово и БиХ, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека „странските актери работат на поткопување на напредокот во регионот“.

– НАТО ќе продолжи да ја промовира стабилноста, безбедноста и соработката во регионот. Се согласивме за важноста на нашето присуство, вклучително и мисијата КФОР на Косово, како и нашите претставништва во Сараево и Белград, рече Столтенберг.

Коронавирус