среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 107
home Вести

Стоичков: Како можеше Бил Гејтс пред пет години да каже дека во 2020 ќе има пандемија?

Стоичков: Како можеше Бил Гејтс пред пет години да каже дека во 2020 ќе има пандемија?

Најголемиот бугарски фудбалер на сите времиња и „Златна топка“ во 1994 година, Христо Стоичков, кој сега работи за една телевизија во Мајами, во интервју за бугарски медиум, рече дека се сомнева околу вистината за коронавирусот.

-Треба да се има ред и дисциплина, да се слушаат докторите, професорите, доцентите. Во телевизијата во Мајами има над 3.000 вработени, и да чукнам во дрво, засега е добро. Ни прават тестови, јас пет пати се тестирав. На почетокот ми беше тешко, ни забранија да излегуваме од дома повеќе од 40 дена. Одев само до продавница. Работевме од дома. Првите месеци беа тешки. Не може човек како Бил Гејтс пред пет години да каже, дека во 2020 година ќе има голема пандемија. Тие луѓе знаат за што станува збор, подготвени се за пандемија. Никој не може да ме убеди во обратното. Гејт сега излегува и вели дека тешкиот период ќе заврши во 2021. Како може тој да знае, а да не знаат професори и специјалисти? – вели Стоичков.

Стоичков мисли дека не само фудбал, туку било кој спорт без публика е лош.

-Нека има макар 5 или 10 илјади луѓе, да се почувствува топлината од фановите, да има стимул за играчите кога ќе излезат на терен. Вака, без публика не е добро. Добро е ова во Германија, на секое трето седиште да има по еден човек– додава популарниот Кама.

Коронавирус