вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Вести

Сто и триесет закани за бомби во Москва и регионот, евакуирани 30 000 луѓе

Сто и триесет закани за бомби во Москва и регионот, евакуирани 30 000 луѓе

Повеќе од 130 објекти во Москва и во московскиот регион примиле закана за поставени бомби, што доведе до евакуација на 30.000 луѓе, соопштија денеска властите.

Досега во Москва е извршена проверка на околу третина од објектите, додека во московскиот регион на половина од објектите. Не се пронајдени никакви сомнителни предмети при извршените претреси по евакуациите.

Властите соопштија дека заканите за бомби пристигнале преку електронска пошта од странство, конкретно од Украина.

Во текот на 2017 година Русија веќе беше погодена од масовни анонимни дојави за поставени експлозивни направи, поради што беа евакуирани вкупно два милиона луѓе. Ниту тогаш не беше пронајдена никаква бомба.