четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

СТО и дозволи на ЕУ да воведе казнени тарифи за американските стоки

СТО и дозволи на ЕУ да воведе казнени тарифи за американските стоки

Европската унија има право да воведе казнени тарифи во износ од четири милијарди долари годишно на увозот на американски стоки, како одмазда за нефер субвенциите на амњериканската Влада за производителот на авиони, одлучи Светската трговска организација (СТО), јави ДПА.

Оваа сума е далеку под 8,58 милијарди долари што ЕУ ги бараше како казна за поддршката што САД му ја дава на производителот на авиони „Боинг“.

Светската трговска организација минатата година издаде слична пресуда, но тогаш во корист на САД, дозволувајќи му на Вашингтон да воведе царини во вредност од 7,5 милијарди долари на европските стоки, како казна за ЕУ заради субвенционирањето на ривалот на „Боинг“, европскиот производител „Ербас“, додаде ДПА.

Коронавирус