сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Степанијан: Тензиите во Нагорно-Карабах не попуштаат

Степанијан: Тензиите во Нагорно-Карабах не попуштаат

Тензиите во регионот Нагорно Карабах и денеска се на доста високо ниво, соопшти утринава ерменската министерка за одбрана, Шушан Степанијан.

“Останува напната ситуацијата на линијата на разграничување со Азербејџан. Операциите и тактичките операции не се променети. Провокациите продолжуваат, а во некои сектори на фронтот имаше и размена на артилериски оган”, напиша таа на Фејсбук, пренесе Тасс.

Министерката додаде дека од азербејџанска страна и имало напади врз населени места.

„Одбраната на Нагорно Карабах има целосна контрола врз операциите и тактичките ситуации и е подготвена за секое сценарио“, додаде ерменската министерка за одбрана во својот пост на Фејбук.

Коронавирус