среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 35
home Вести

Стејт департментот ги повика Американците да избегнуваат патувања во Франција и Португалија

Стејт департментот ги повика Американците да избегнуваат патувања во Франција и Португалија

Американските власти ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот во Европа.

– Избегнувајте патувања во Франција, се вели во новата препорака на Стејт департментот до Американците пред божиќните и новогодишните празници, каде што нивото на предупредување за заканата од Омикрон за земјата се искачи на четири, што е највисоко на скалата.

Главната американска здравствена институција, Центарот за превенција и борба против болести, укажа дека дури и целосно вакцинираните луѓе се изложени на ризик да се заразат и да шират нови варијанти на вирусот.

Покрај Франција и Португалија, на листата земји за кои е издадено предупредување се и Кипар, Андора, Лихтенштајн во Европа, како и Јордан и Танзанија.

Стејт департментот на списокот ги стави и Мали и островот Фиџи каде беа пријавени првите случаи на сојот Омикрон.

Во Франција, каде што бројот на новозаразени сега достигнува десетици илјади, со 42.252 регистрирани во неделата, синоќа беа најавени нови ограничувања, вклучително и зајакнување на здравствениот протокол во училиштата, затворање дискотеки на четири недели и олеснување на достапноста на вакцинацијата за луѓето постари од 65 години.

Португалија, која има највисока стапка на вакцинација во Европа, 87 отсто од вкупното население, минатата недела повторно воведе контролни мерки, како што се носење маска и здравствена пропусница, а во исто време почна нова засилена кампања за вакцинација.

Коронавирус