понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Стејт департмент: Прогонот на Навални ќе влијае на политиката на САД кон Русија

Стејт департмент: Прогонот на Навални ќе влијае на политиката на САД кон Русија

Апсењето и затворањето на рускиот опозиционер Алексеј Навални ќе биде еден од факторите што ќе ја детерминираат идната политика на САД кон Русија, изјави синоќа Џенифер Псаки, портпарол на Белата куќа.

Слични наводи синоќа даде и Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот, кој укажа дека апсењето на Навални и масовните задржувањето на учесници на мирните протести ќе го одредат идниот политички курс на САД кон Русија.

Псаки потврди дека разузнавачите на САД, по наредба од претседателот Џо Бајден, во моментов работат на сеопфатен извештај за сите незаконски дејства направени од Москва во последно време.

Под тоа се подразбираат масовните хакерски напади, вмешаноста на Москва во американските избори во 2020 година, примената на хемиско оружје против Навални, и наводните награди за американски глави во Авганистан.

Дека Администрацијата на Бајден врши разгледување на дејствата на Русија претходно потврди и државниот секретар Ентони Блинкен. Во едно од своите први изјави во својство на главен командант, претседателот нареди разузнавачите на САД да дадат исцрпна оценка за дејствата на Русија.

-Тоа го спроведува директорот на Националното разузнавање. Оваа загриженост лежи во основата на тој извештај тоа ќе биде земено в предвид при одредувањето на нашите следни чекори, изјави Прајс.

Според него, Вашингтон будно ја следи влошената ситуација со човековите права во Русија. Посебно внимание ќе биде насочено кон „тоа што се случи со Навални и масовните задржувања на оние кои храбро излегоа на улица по неговото апсење. Секако, тоа сето ќе биде земено в предвид при одредување на соодветен политички курс, рече тој.

ЕУРО 2020

Македонија