вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Вести

Стејт департмент: Годинава Русите и Албанците најбројни по добиени иселенички визи

Стејт департмент: Годинава Русите и Албанците најбројни по добиени иселенички визи

Американскиот Стејт департмент ги објави податоци за американската лотарија. Речиси 84.000 апликанти се избрани случајно од системот, од околу 15 милиони апликации за програмата „ДВ 2020“.

Според бројот на оние кои добиле позитивен одговор на прво место е Русија со 5.118, а веднаш зад неа е Албанија со 3.603, потоа следуваат Украина со околу три илјади и Турција со 2.709.

– Нашите соседни земји се чини дека имаат помал интерес за американскиот сон, бидејќи избрани се 260 граѓани од Косово, 249 од Македонија и само 35 од Црна Гора – објавија албанските медиуми.

Од африканските земји Египет има 5.556, по што следи Демократската Република Конго со 4.743 лица кои добиле позитивен одговор на американската лотарија.

– Сепак треба да се напомене дека популацијата на овие земји ниту од далеку не се споредува со населението во Албанија. Нашата земја има само 2.860.000 жители, додека Русија има околу 140.000.000 или Египет 90 милиони жители, посочува порталот Албеу.

Албанија е една од земјите со највисока стапка на апликации во програмата Лотаријата на САД за иселенички визи (зелена карта), според бројот на населението.

Тоа го потврдуваат објавените бројки од страна на Стејт департментот, кои јасно зборуваат за прилично горчливата реалност која е во постојан раст, посебно последните четири години.

Според статистиката во 2015 година албанските граѓани пополниле 100.000 апликации за околу 200.000 лица, во 2016 година бројот на аплкантите заедно со членовите на нивните семејства бил над 246.000 а следната, 2017 година тој број пораснал на 367.000, додека лани е забележан нов рекорд или над 376.000 апликации.

Коронавирус