недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Вести

Старџен: Шкотска не може да биде заложник на Велика Британија

Старџен: Шкотска не може да биде заложник на Велика Британија

Шкотска не може да биде заробена во Велика Британија против своја волја, изјави денеска шкотската лидерка Никола Старџен.

Таа повтори дека успехот на Шкотската национална партија на последните избори и дава мандат за нов референдум за независност, на кој се спротивставува британскиот премиер Борис Џонсон.

– Ако Велика Британија продолжи да постои како унија, тоа ќе може да се направи само со консензус, изјави Старџен за Би-Би-Си.

Според неа, британската влада греши во размислувањето дека отфрлањето на референдумот ќе значи и крај на овој проблем.

– Тоа е суштинската точка на демократијата – не можете да ја држите Шкотска во унија против нејзина волја. Вие не можете да нè затворите во плакар, да го свртите клучот и да се надевате дека сè ќе помине, истакна таа.