петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 172
home Вести

Старџен: Шкотска наскоро ќе се вратат во ЕУ

Старџен: Шкотска наскоро ќе се вратат во ЕУ

Шкотска наскоро ќе се врати во составот на Европската унија, изјави премиерката на Шкотска, Никола Старџен, во момент кога Велика Британија конечно ја напушти заедницата.

– Европо, Шкотска наскоро ќе се врати. Не исклучувајте го светлото, напиша синоќа Старџен на Твитер.

На референдумот, Шкотска гласаше против Брегзит и планираше да го напушти Обединетото Кралство, каде шкотските бродови ловат до 60 проценти од рибата, која се доставува во британските пристаништа.

Претходно, Старџен изјави дека договорот со ЕУ не може да ги надомести загубите на Шкотска поради Брегзит.

Велика Британија конечно ја напушти Европската унија, завршувајќи го излезот од единствениот пазар и царинската унија на ЕУ на полноќ по средноевропско време.

Коронавирус