недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Вести

Старбакс затвора 8.000 локали, еве зошто

Старбакс затвора 8.000 локали, еве зошто

Американскиот ланец на кафетерии, Старбакс ќе затвори повеќе од 8.000 локали во Соединетите Американски Држави за вработените да можат да поминат обука за расни предрасуди.

По инцидентот во април, кога двајца црни мажи беа уапсени во еден локал на Старбакс во Филаделфија, челниците на таа компанија се извинија и се состанаа со двајцата мажи, но исто така ангажираа експерти за да направат план за обики на 175.000 вработени.

Во четиричасовната работилница, работниците ќе имаат прилика најпрво да се запознаат со историјата на граѓанските права од шеесетите години од минатиот век па се до денес, а исто така, на таа тема ќе биде прикажан и документарен филм.

Старбакс на овој потег се одлучи за да ги смири реакциите во јаноста, откако вработен повика полиција зашто мажите, кои немале не консумирале ништо, одбиле да го напуштат локалот откако им било забрането да го користат тоалетот.

Видео-снимката од апсењето е објавено на социјалните мрежи и предизвика бес поради расизмот.

Старбакс повторно се најде на насловните страници овј месец откако вработен напишал расна навреда на шолјата за кафе.

Коронавирус