недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

Стаорци на улиците, водата надоаѓа: Лувр е затворен, а Париз се подготвува за најлошото (ВИДЕО)

Стаорци на улиците, водата надоаѓа: Лувр е затворен, а Париз се подготвува за најлошото (ВИДЕО)

Во некои подруми во градот водата веќе проби по обилните дождови. Музејот Лувр денеска е затворен за посетители, а парижаните се предупредуваат да се држат понастрана од Сена бидејќи нејзиниот водостој континуирано и непредвидливо расте.

Реката ги поплави околните патишта и предизвика прекин во градскиот јавен превоз, пишуваат медиумите. Нивото на Сена е четири пати поголемо од вообичаеното.

Прекинат е и целиот речен сообраќај бидејќи бродовите неможат да поминат под мостовите, а граѓаните кои живеат на бродови се предупредени на голема опасност што ја носи надојдената река.

Исто така парижаните се предупредуваат на голем број стаорци кои лутаат по улиците на Париз откако водата ги поплави подземните простории на зградите.

Коронавирус