понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 117
home Вести

Средношколец планирал напад во своето училиште: Тинејџер уапсен, кај него биле пронајдени знаме од ИД и документи на арапски јазик

При апсењето кај него е пронајдено знаме од ИД, документи на арапски јазик, но не и експлозивен материјал.
Средношколец планирал напад во своето училиште: Тинејџер уапсен, кај него биле пронајдени знаме од ИД и документи на арапски јазик

Италијанската полиција уапсила средношколец поради сомнение дека планирал да изврши бомбашки напад во своето училиште.

Тинејџерот, кој бил активен на форумите на поддржувачи на екстремистичката организација Исламска држава, планирал да направи експлозивна направа во домашни услови и да ја детонира во своето училиште во југоисточна Италија.

При апсењето кај него е пронајдено знаме од ИД, документи на арапски јазик, но не и експлозивен материјал.

Полицијата наведува дека тинејџерот преку апликацијата за допишување Телеграм праќал пропаганден материјал од Исламска држава на повеќе од 60 адреси.

Судот за малолетници му наложил на тинејџерот, кој има италијанско државјанство, а алжирско потекло, да почне процес на дерадикализација, во кој ќе бидат вклучени психолози, членови на неговото семејство и имам.

Коронавирус