вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 160
home Вести

Среде пандемија зголемен бројот на милионери

Среде пандемија зголемен бројот на милионери

Минатата година, кругот на милионери уште еднаш се прошири, и покрај фактот дека пандемијата имаше катастрофално економско влијание врз земјите низ целиот свет.

Според податоците обезбедени од BlockArabia.com, повеќе од 5,2 милиони луѓе се приклучија на клубот на милионери среде пандемија, а една третина од нив беа од САД. Бројот на милионери во САД скокна за 1,7 милиони за една година.

Пандемијата беше добра вест за супербогатите лица, а бројот на милионери се зголеми на 56 милиони во 2020 година, во споредба со 50,8 милиони во 2019 година, според извештајот на Кредит Свис. И покрај ефектите на Ковид-19 врз светската економија, глобалното богатство на домаќинствата порасна за 7,4 проценти до 418,3 трилиони долари во 2020 година.

Најголем раст забележаа САД, кои минатата година примија 1,7 милиони нови милионери. Исто така, статистиките покажуваат дека најбогатите поединци во Америка го зголемиле своето колективно богатство за 1,2 трилиони долари од почетокот на кризата.

Како втора земја на оваа листа, Германија го зголеми својот милионерски клуб за 633.000. Австралија го зазеде третото место со 392.000 нови милионери, 2.000 повеќе од Јапонија. Следуваат Франција и Вењлика Британија, со зголемување од 309.000 и 258.000, соодветно. Иако е рангирана на второ место во вкупниот број милионери, Кина бележи многу помал пораст на бројот од овие пет земји. Во текот на 2020 година, 257.000 Кинези се приклучија на клубот на милионери, 30 проценти помалку од Јапонија или Австралија или 2,5 пати помалку од Германија.

Извештајот на Кредит Свис исто така покажа дека 2020 година не беше добра година за милионерите во сите земји. Бразил и Индија забележаа пад од 108.000 и 66.000, соодветно, првенствено поради амортизацијата на валутата.Како земја со најголем број милионери, САД имаат 22 милиона или 39 проценти од вкупниот број на земјината топка. Тоа е четирипати повеќе од Кина, која е на второ место со 5,3 милиони или 9,4 проценти од сите светски милионери. Статистичките податоци покажуваат дека процентот во Јапонија, кој го зазеде третото место, постојано опаѓаше со текот на годините и достигна 6,6 проценти во 2020 година, а нејзината позиција сега ја загрозува Германија, која минатата година имаше 5,3 проценти од светските милионери.

Коронавирус