вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 79
home Вести

Среде кризата со коронавирусот, почина извршниот директор на СЗО

Среде кризата со коронавирусот, почина извршниот директор на СЗО

Австралиецот Питер Салама, извршен директор на Светската здравствена организација, почина на 51-годишна возраст, соопшти на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејсус.

-Длабоко сум затечен од изненадната смрт на мојот пријател и колега Питер Салама. Сочуство до семејството, колегите и пријателите на Питер, напиша д-р Гебрејсус.

Салама, лекар-епидемиолог, кон СЗО се приклучи во 2016 година, пренесоа агенциите.

Пред тоа тој работел во Детскиот фонд на ОН, во „Лекари без граници“ и во „Concern Worldwide“, каде учествувал во мисии во повеќе африкански и азиски земји. .