сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 92
home Вести

Средба Меркел – Зехофер за спас на германската Влада

Средба Меркел – Зехофер за спас на германската Влада

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер денеска најави дека очекува да има средба со канцеларката Ангела Меркел, на која ќе се разговара за неговата понуда да се повлече од функцијата.

Средбата е предвидена за попладнево во Берлин, а на неа Меркел и Зехофер настапуваат и како лидери на партиите ЦДУ и ЦСУ, чија повеќедецениска коалиција е во тешка криза околу мигрантското прашање. Зехофер се соочува со тешки регионални избори во Баварија, каде ЦСУ, која е регионална баварска конзервативна партија, губи гласови во полза на отворено анти-имигрантската партија АФД.

Како министер за внатрешни работи Зехофер најави дека ќе воведе контроли и ќе почне да ги враќа мигрантите од германските граници дури и без согласност на Меркел, што претставуваше отворен предизвик до канцеларката да го смени. На минатонеделниот самит на Европската унија Меркел бараше поддршка од другите членки на ЕУ за да ги задоволи барањата на Зехофер, но Баварецот соопшти дека постигнатото на самитот не е доволно.

ЦДУ и ЦСУ се поголемиот коалициски партнер во широката Влада во која учествува и социјал-демократската партија СПД.

МИА

Коронавирус