вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 7
home Вести

СРЦЕПАРАТЕЛНО: Девојче загина во обид да ја спаси сестричката од под урнатини (ВИДЕО)

СРЦЕПАРАТЕЛНО: Девојче загина во обид да ја спаси сестричката од под урнатини (ВИДЕО)

Фотографијата на која петгодишната Рихам на работ на урнатата зграда за маица ја држи својата помала сестра Туку го обиколи светот.

Настанот го овековечија новинари на SY-24 откако во средата сиријската војска го бомбардираше Идлиб.

-Фотографот ништо не можел да види од урнатините на остатоците од зградата, но слушнал плач на бебиња, деца и татковци – рекле за BBC за  SY-24.

Новинарот Башар ел Шеик заробеното семејство го фотографирал во урнатините на зградата додека известувал за ракетирањето на Идлиб и по ова притрчал да им помогне.

Неколку моменти потоа зградата се урнала и дополнитено ја повредила петгодишната Рихам и седумесечната сестра Туку.

Девојчињата подоцна се извлечени од урнатините и префрлени прво во локалната клиника, па во поголема болница во Идлиб.

Рихам починала од повредите, а Туку се наоѓа на интензивна нега.

Коронавирус