понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 112
home Вести

Србин брутално ликвидиран во Еквадор

Србин брутално ликвидиран во Еквадор

Српски државјанин на возраст од 56 години, со потекло од Ниш, загинал во пукање во трговски центар во Еквадор во понеделникот, јавуваат белградските медиуми.

Тој најверојатно бил ликвидиран од платен убиец додека седел во кафуле во трговски центар во Самборондон, пишува „Блиц“.

Според изјавите на сведоците, убиецот пукал најмалку три пати.

Убиецот го начекал соучесник со мотор и тие побегнале во непознат правец.

Според првичните информации, во моментот на пукањето со убиениот Србин седеле неговата сопруга и ќерка.

Истрагата е во тек.

Коронавирус