вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 47
home Вести

Спречен терористички напад во Сиднеј, уапсени три лица

Спречен терористички напад во Сиднеј, уапсени три лица

Австралиската полиција уапси три лица под сомневање дека инспирирани од ИД планирале напад врз цели во Сиднеј, вклучувајќи згради на полицијата и одбраната, судови, цркви и дипломатски мисии.

Помошникот комесар на австралиската федерална полиција, Јан Мекартни, рече дека првоосомничениот (23) се очекува да биде обвинет за подготовка на терористички напад и подготовка за заминување во Авганистан заради непријателски активности во име на ИД.

Ако биде прогласен за виновен тој може да биде осуден на доживотен затвор.

Останатите двајца уапсени, на возраст од 23 и 30 години, може да бидат осудени на 10 години затвор.