среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 153
home Вести

Спречен терористички напад во Мелбурн

Спречен терористички напад во Мелбурн

Австралиската полиција соопшти дека уапси три лица кои планирале терористички напад на Мелбурн. Лицата се уапсени во раните утрински часови во вторникот по локално време, пренесува Ројтерс.

Операцијата „Донабејт“ при апсењето се спроведува и во моментов на западниот дел од Сиднеј.

Претходно Сомалиец запалил комбе преполнo со плин во центарот на Мелбурн, а со нож нападна три лица, од кои едното почина.

Напаѓачот беше убиен, а одговорноста за нападот ја презеде т.н. Исламска држава.

Локални избори 2021