четврток, 4. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

Спортскиот весник „Л’Екип“ и денес го нема во киосците, продолжува штрајкот на новинарите

Спортскиот весник „Л’Екип“ и денес го нема во киосците, продолжува штрајкот на новинарите

Спортскиот дневен весник „Л’Екип“ и денес го нема во киосците во Франција, неговите новинари се во штрајк од 8 јануари, што досега претставува најдолг период, 12-ти ден по ред на необјавување на весникот, јави дописникот на МИА.

Меѓусиндикалната организација на четирите синдикати на вработените во весникот, меѓу кои и новинарскиот, одлучија да го продолжат штрајкот за 24 часа на крајот на генералното собрание.

Причината за штрајкот е планот за заштита на вработувањето (ПСЕ) кој предвидува укинување на педесетина работни места, од кои 47 на новинари, во рамките на САС Л’Екип (дневниот весник, неделното издание, Вело Магазин и неделникот Франс фудбал, кој е во процес да биде месечно издание) во кои работат 350 лица. Во исто време, планирани се создавање на 12 работни места за зајакнување на понудата за Интернет. Целта е да се заштедат 5 милиони евра и да се избегнат 6 милиони загуби во 2021 година, во контекст на падот на продажбата на хартија влошена од здравствената криза и прекинот на спортските натпревари од минатата пролет.

Соочени со протестот, управата предложи во понеделникот нова алтернатива на ПСЕ: договор за колективни конвенционални раскинувања што овозможува помалку заминувања, заедно со договор за колективни успеси (АПЦ), со елиминација на слободните денови и намалување на платите. Но, „принципот на АПЦ е отфрлен од вработените. Раководството ги „подобри малку почетните услови“ поврзани со ПСЕ, „но тоа не гарантира отсуство на присилно заминување“, се вели од синдикатите. За четврток е закажана нова средба меѓу синдикатите и управата.

МИА

Коронавирус