понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 162
home Вести

Спасувачот Караџиќ проговоре за децата од пештерата: Ниедно дете во историјата никогаш не нуркало вака (ВИДЕО)

Спасувачот Караџиќ проговоре за децата од пештерата: Ниедно дете во историјата никогаш не нуркало вака (ВИДЕО)

Иван Караџиќ, еден од спасувачите од меѓународниот тим нуркачи кои им помагаа на тајландските власти во акцијата за спасување на момчињата од пештерата, за Би-Би-Си објасни зошто им се восхитува на момчињата кои заглавија во пештерата.

-Тие деца беа присилени да направат нешто што никогаш во историјата ниедно дете не требало да го направи. Никако не е нормално деца од 11 години да нуркаат во пештера, изјави Караџиќ и објасни:

-Нуркаат во нешто што се смета за екстремно опасни услови, нема апсолутно никаква видливост, единствената светлина е таа од нашите лампи. Поради тоа бевме многу уплашени поради паниката која може да избие. Покрај тоа, постои повеќекратна опасност од дефект на опремата што ја носиме. Поради тоа имавме резервен план: што ако престане да работи овој дел од опремата? Тогаш ќе го направиме ова. Што ако ни откаже друг дел од опремата? Ќе го замениме со резервен. И така понатаму. Сѐ уште не можам целосно да сфатам колку се тие деца всушност кул, раскажа Караџиќ.

-Кога размислувам за тоа дека веќе две недели се во мал простор во пештерата и дека не ги виделе своите мајки и татковци… Тоа се многу силни деца. Да не ти се верува, кажа тој.

На новинарското прашање како реагирал кога го видел првото дете во пештерата, Караџиќ одговори: Бев многу исплашен кога ги видов нуркачот и детето пред себе, а не можеме да гледаме далеку во тие услови, можеби 50 метри, сѐ уште не знаев дали е жртва или живо дете. Бев многу, многу исплашен. Не беше тоа убаво чувство. Но, кога видов дека детето е живо, се почувствував одлично, изјави Караџиќ.

Коронавирус