вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Спасено 5 дете од пештерата во Тајланд

Спасено 5 дете од пештерата во Тајланд

Утринава во Тајланд е продолжена спасувачката акција за младите фдбалери и нивниот тренер кои од 23 јуни се заробени во пештера.

Вчера спасени беа четири деца, додека денес доколку акцијата биле спроведена по планот, светлото на денот треба да видат уште најмалку три деца од втората група.

Си-Ен-Ен јавува дека петтото момче е спасено од пештерата. Американските медиуми се повикуваат на неименуван извор на член на спасувачката екипа кој тврди дека го видел момчето како на носилки го изнесуваат во 4.27 часот по локално време.

Официјална потврда од властите се уште нема.