недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Совршено смислен грабеж: Разбојници ограбиле рудник за злато и избегале со авион

Совршено смислен грабеж: Разбојници ограбиле рудник за злато и избегале со авион

Мала група вооружени разбојници украле досега непознат број златни сребрени прачки од рудник во пустина во северниот дел на Мексико, а потоа со мал авион избегале кон многу оддалечени планини.

Грабежот на рудникот Мулатос во Сауарипа се случил во средата наутро, во време кога работниците во компанијата Минас де оро Насионал, мексикански органок на канадската фирма Аламос голд, на авионска писта го подготвувале прачките за транспорт.

Одеднаш се појавиле разбојниците и ги ограбиле и за околу десет минути со авион одлетале кон планини. Локалните властите сега ги пребаруваат тајните аеродроми во областа за да го пронајдат авионот.

Коронавирус