недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Советот за одбрана на Франција ќе расправа за идните мерки за борба против епидемијата

Советот за одбрана на Франција ќе расправа за идните мерки за борба против епидемијата

Состанок на Советот за одбрана на Франција е предвиден за утре на кој ќе се разгледува состојбата со пандеммијата во државата. Состанокот се одржува само два дена по почетокот на вакцинацијата и се очекуваат повеќе ограничувачки мерки за одредени региони како што побараа неколку градоначалници, јави дописникот на МИА.

Највата за одржување на состанок на Советот за одбрана, е во момент кога неколку градоначалници, особено од Гранд Ест, се загрижени за зголемениот број новозаразени со Ковид-19.

Министерот за здравство, Оливие Веран, не ја исклучи вчера можноста за нови, трети мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Властите стравуваат од трет бран неколку недели по празниците на крајот на годината.

Франција вчера регистрираше 8.822 нови случаи на Ковид-19 за 24 часа.

Француската кампања за вакцинација симболично е почната во две болнички структури за стари лица во Севран, во Сена-Сен Дени, потоа во Дижон.

Вкупно, повеќе од 2,55 милиони случаи на Ковид-19 се потврдени од почетокот на епидемијатаво Франција, вклучително и повеќе од 20.000 во петокот.

Коронавирус