недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Советот за безбедност на ОН го одби предлогот за итна седница за инцидентот во Керченскиот Теснец

Советот за безбедност на ОН го одби предлогот за итна седница за инцидентот во Керченскиот Теснец

Советот за безбедност на ОН денеска го одби предлогот на Русија за свикување на итна седница на ова тело на Светската организација посветена на вчерашниот инцидент во Керченскиот Теснец.

За рускиот предлог гласаа четири членки на Советот за безбедност, седум беа против, а останатите четири беа воздржани.

Предлогот на Москва, покрај Русија, го поддржаа само уште Боливија, Казахстан и Кина.

– Никој не може да ја спречи Русија како постојана земја членка на Советот за безбедност да предлага прашања за кои смета дека се важни, изјави рускиот заменик-амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански.

Руската армија вчера отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка  е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.

Москва меѓутоа смета дека нејзините сили дејствуваше во согласност со меѓународното право и домашното законодавство. – Се работи за инвазија на странски воени бродови во територијалните води на Руската Федерација, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Керченскиот Теснец се наоѓа меѓу територијата на Русија и Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектира во 2014 година. Руската анексија на Крим не е меѓународно призната.

Коронавирус