среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 78
home Вести

Советот на НАТО бара итна и независна истрага за инцидентот со авионот во Минск

Северноатлантскиот совет остро го осуди присилното слетување на авионот на Рајанер во Минск, се вели во соопштението на НАТО издадено по состанокот на постојаните претставници на членките на Алијансата.

Советот го осуди и апсењето на познатиот белоруски новинар Роман Протасевич, кој беше во авионот и Софија Сапега, се вели во соопштението.

Во документот се нагласува дека притворот на Протасевич е „навреда за принципите на политичко несогласување и слобода на медиумите“.

– Белорусија мора веднаш и безусловно да ги ослободи господин Протасевич и госпоѓа Сапега. Сојузниците на НАТО ја повикуваат Белорусија да ги почитува основните човекови права и слободи и да ги почитува правилата на меѓународниот поредок, се вели во соопштението.

Северноатлантскиот совет поддржува итна независна истрага за инцидентот со авионот на Рајанер во Минск.

– Ние ги поддржуваме повиците за брза и независна истрага, вклучително и од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство“, се вели во соопштението.

Советот на НАТО исто така ги поддржува мерките преземени од сојузниците во врска со овој инцидент.

Коронавирус