среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Состојба во светот до 10 часот: Оваа држава нема да ги отвори училиштата до декември

Состојба во светот до 10 часот: Оваа држава нема да ги отвори училиштата до декември

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.066.417 лица. Од нив починале 211.663, а оздравеле 923.448 луѓе.

– САД се земја со најголем број на потврдени случаи со Ковид-19, но исто така и со најмногу смртни случаи. Регистрирани се 1.010.507 инфицирани лица, а од последици на Ковид-19 починале 56.803, додека оздравеле 139.162 луѓе.

– Во Вухан, што беше епицентар на заразата со новиот коронавирус, втор ден нема регистрирано нови случаи. Додека во Кина евидентирани се шест новозаразени лица, од кои тројца се вратиле од странство, а тројца се во североисточната провинција Хеилоџијанг, на границата со Русија. Во Кина 13 ден по ред не е забележан ниту еден смртен случај. Околу илјада луѓе се во самоизолација.

– Во Германија во последните 24 часа пријавени се 1.144 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани луѓе со Ковид-19 изнесува 156.337. Пораст е забележан и кај смрните случаи за 163 односно од последици од новиот коронавирус починале 5.913 луѓе.

– Во Бразил во изминатите 24 часа евидентирани се 4.600 новозаразени луѓе со Ковид-19, со што вкупната бројка изнесува 66.501. Додека бројот на смртни случаи се зголеми за 338 и се искачи на 4.543.

– Во Унгарија од последици од новиот коронавирус починаа уште 11 луѓе, со што бројот на смртни случаи во земјата изнесува 291. Исто така во изминатите 24 часа евидентирани се 66 новозаразени лица, со што бројот на инфицирани се искачќи на 2.649, од кои оздравеле 516 луѓе.

– Во Австралија евидентирани се 6.727 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 85 починале. Австралиските сојузни држави најавија намалување на рестриктивните мерки откако бројот на новозаболени изнесува еден отсто дневно, додека пред еден месец процентот беше 25. Австралискиот министер за здравство Грег Хант изјави дека 2,4 милиони луѓе ја презеле и се регистрирале на владината апликација за пронаоѓање на контакти заразени со Ковид-19.

– Претседателот на Парагвај, Марио Абдо Бенитез најави дека училиштата нема да бидат отворени до декември поради пандемијата. Во Парагвај 228 луѓе се позитивни на новиот коронавирус, од кои деветмина починале.

Коронавирус