вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 123
home Вести

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот: Вo Канада бројот на починати се зголеми за третина за помалку од 24 часа

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот: Вo Канада бројот на починати се зголеми за третина за помалку од 24 часа

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 836.899 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 41.237, а оздравеле 174.502 луѓе.

– Смртните случаи вo Канада се зголемија за 35 проценти за помалку од 24 часа, соопштија здравствените власти.

– Во последните 24 часа во Турција починале уште 46 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата достигна 214. Заразени се вкупно 13.531 лице.

– Бројот на смртни случаи во САД го надмина бројот на починати во Кина.

– Укинат е 14-дневниот карантин на Банско во Бугарија.

– Повеќе од седум од 10 Германци поддржуваат укинување на спортски настани за време на пандемијата.

– Рекорден број на починати за 24 часа во Велика Британија.

– Повеќе од половина од Романците сметат дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија.

– Во Јапонија за првпат регистрирани над 200 новозаразени со коронавирусот за едно деноноќие.

– Поранешниот тениски шампион Патрик Мекенро е позитивен на коронаворус.

– Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо изјави дека неговиот брат Крис Куомо, инаку водител на СИ-Ен-Ен е позитивен на коронавирусот.

– Вкупно 1.193 вработени во полицијата во Њујорк се позитивни на Ковид-19, а околу 15 проценти од вработените се на боледување.

Коронавирус