четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 177
home Вести

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот- почина пет годишно дете

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот- почина пет годишно дете

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.169.323 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 62.730, а оздравеле 241.770 луѓе.

– Смртните случаи на државата Њујорк во последните 24 часа достигнаа 630 – најголем број за еден ден. Со ова вкупниот број на жртви на Ковид-19 достигна 3.565. Во оваа држава заразени се вкупно 113.704 луѓе.

На целата територија на САД заразени се 278.568 луѓе, а починале 7.163.

– Најмалку 15 медицински работници во главната онколошка болница во Египет се во карантин откако биле тестирани позитивни на коронавирусот. Во Египет досега се потврдени околу 1.000 случаи на коронавирус и починале 66 лица.

– Во текот на изминатите неколку дена, епидемиолошката состојба во Италија е стабилна, според бројот на заразени, починати и излечени пациенти, а Граѓанската заштита потенцира дека состојбата е различна во некои делови од земјата. Во некои области циркулацијата на Ковид-19 е поголема, ве некои е помала. Во Италија нема област каде нема Ковид-19.

– Сингапурското Министерство за здравство соопшти дека се потврдени 75 нови случаи на коронавирусот во таа град-држава, што е најголемото дневно зголемување на бројот на заразени лица во Сингапур. Досега има 1.189 заразени, а шест лица починале.

– Обединетите Арапски Емирати официјално побараа одложување за една година на Светската изложба „Експо 2020“ закажана за октомври во Дубаи, поради пандемијата на коронавирусот, објави Меѓународното изложбено биро.

– Петгодишно дете почина од новиот коронавирус во Велика Британија. Досега најмладиот починат пациент имал 13 години.

– Бројот на заразени со новиот коронавирус во Белорусија се зголеми од 351 на 440 лица. Во земјата досега има шетмина починати.

Коронавирус