петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 199
home Вести

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот: Вкупно заразени околу 2,5 милиони лица, а починале повеќе од 165 илјади

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот: Вкупно заразени околу 2,5 милиони лица, а починале повеќе од 165 илјади

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.419.234 лицa. Од нив починати се 165.777, а оздравеле 633,446луѓе.

– Првапат од 5 март во Бања Лука не се регистрирани новозаразени лица со Ковид-19. Исто така бројот на оздравени е поголем од активните случаи. Во Реплука Српска денеска се регистрирани 11 новозаразени, со што бројот на инфицирани со Ковид-19 изнесува 545, од кои 262 оздравеле.

– Во Русија во последните 24 часа регистрирани се уште 4.268 луѓе со новиот коронавирус, со што вкупниот број се искачи на 47.000 лица. За последните 24 часа од последици од Ковид-19 починаа 44 луѓе, со што бројот на смртни случаи изнесува 400, додека оздравеле 3.500 луѓе.

– Во Норвешка во последното деноноќие забележани се 45 новозаразени со Ковид-19, со што бројот на инфицирани се искачи на 7.113 луѓе. Тоа е најмала цифра на новозаразени во изминатата недела. Во Норвешка од последици од новиот коронавирус починаа 165 пациенти.

– Во Индија денеска е регистриран најголем број на заразени со новиот коронавирус на дневно ниво откако Владата ги олесни мерките овозможувајќи продолжување на некои производствени и земјоделски активности. Во последните 24 часа регистрирани се 1.553 новозаразени лица со Ковид-19, со што бројот на инфицирани луѓе се искачи на околу 17.000, од кои 542 починале.

– Во последните 24 часа во Иран од последици од новиот коронавирус починале 91 човек, со што бројот на смртни случаи се искачи на 5.209. Иран со 83.505 инфицирани лица е најпогодена земја од епидемијата на Блискиот Исток.

Коронавирус