сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

Состојба со коронавирусот во светот до 17 часот – Заразени над 2,5 милиони лица, од кои починати се повеќе од 172 илијади

Состојба со коронавирусот во светот до 17 часот – Заразени над 2,5 милиони лица, од кои починати се повеќе од 172 илијади

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.505.858 лицa. Од нив починати се 172.406, а оздравеле 659.691 луѓе.

– Во САД се заразени 792.938 лица, а регистрирани се 42.518 смртни случаи. Шпанија е на второ место со 204.178 заразени лица, а 21.282 луѓе починаа во таа земја. Италија има 181.228 случаи на Ковид-19 и 24.114 починати.

– Во Франција од новиот коронавирус се заразени 155.383 лица, а починаа 20.265, додека во Германија се заразени 147.103, но се забележани помалку смртни случаи – 4.862.

– Велика Британија има 124.743 заразени и 20.265 смртни случаи, додека 90.980 заразени и 2.140 смртни случаи се регистрирани во Турција.

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека епидемијата на новиот коронавирус во Турција започнала да го достигнува платото.

– Владата на Јужна Кореја испрати помош на Украина во вредност од 700.000 долари за борба против коронавирусот, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

– Шведскиот вирусолог Јохан Гисеке тврди дека досега 600.000 жители на Стокхолм се заразиле со вирусот Ковид-19 и дека 99 проценти од заразените не се свесни дека го имаат вирусот. Гисеке, кој е еден од најистакнатите вирусолози во Шведска, советник на шведската Влада и советник на генералниот директор на СЗО, за шведската телевизија СВТ изјави дека повеќето од заразените не го ни забележале тоа, но и дека имало некои кои имале благи симптоми, а некои кои биле тешко болни починале.

– Ирак денеска ги олесни рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, дозволувајќи им на некои фирми повторно да започнат со работа. Владата соопшти дека е намален и полицискиот час. Мерките се преземени пред Рамазан, кој оваа година ќе се слави во поинакви услови.

– Меѓународните владини и невладини организации и агенции на Обединетите нации, кои работат на искоренување на причините за екстремна глад, предупредија денеска дека пандемијата на вирусот Ковид-19 се заканува дека ќе предизвика криза со храна во најзагрозените земји.

Локални избори 2021