петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Состојба со коронавирусот до 10 часот во светот: 220.313 заразени лица, оздравеле 85.769, а починале 8.983

Состојба со коронавирусот до 10 часот во светот:  220.313 заразени лица, оздравеле 85.769, а починале 8.983

С
Женева, 19 март 2020 (МИА) – Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 220.313 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 8.983, а оздравеле 85.769.

-Австралија и Нов Зеланд ги затворија своите граници за странци. -Повеќето случаи на заразени во Австралија се регистрирани кај дојденци однавор, изјави премиерот Скот Морисон, додека неговата новозеландска колешка Џасинда Ардерн изјави дека нема да толерира „ризик на границите“ .

-Португалија прогласи вонредна состојба и состојба на „вистинска војна“ против коронавирусот. Претседателот Марсело Ребело де Соса вчера прогласи вонредна состојба – за прв пат откако земјата стана демократија во 1974 година – како одговор на пандемијата на коронавирус.

-Возрасна, 79-годишна жена, која имала потврден коронавирус починала во болница во Москва, што е првиот смртен случај во Русија од заразата Ковид-19, соопштија денеска од Оперативниот штаб за контрола и мониторинг на ситуацијата со епидемијата во руската престолнина. Штабот потенцира дека пациентката имала редица хронични заболувања.

– Бројот на нови инфекции со коронавирусот во Јужна Кореја веќе трет ден по ред бележи зголемување и денеска се регистрирани 152 нови случаи, наведува Центарот за контрола и спречување на болести. Починаа уште седум заразени лица, со што бројот на умрени сега изнесува 91. Инфекцијата досега во земјата зафатила вкупно 8.565 лица.

-Хонгконгшките власти во 14-дневен задолжителен карантин ќе ги ставаат сите патници што ќе пристигнат од странство во градот, било да се домашни жители или странци.

-Во Бугарија утрово е регистрирана третата жртва на коорнавирусот, жена на 80-годишна возраст која имала и мозочен удар и зараза, соопшти шефот на Оперативниот штаб, генерал Мутафчиски. Во текот на последните 24 часа во земјата се регистрирани 13 нови случаи на зараза со што вкупниот број сега изнесува 94 заразени.

– Австриската покраина Тирол е жариштето на коорнавирусот во земјата бидејќи секој втор заразен доаѓа од неа. Од тие причини сите 279 општини во Тирол од полноќ се ставени во карантин, а претседателот на покраината Гинтер Платер за прв пат од појавата на епидемијата призна дека можеби и има грешки во нивното постапување. Инаку во Автрија од ноќеска е регистриран нов скок на заразени за 200 лица, со што вкупниот број заразени сега изнесува 1.843

-Во Србија ноќеска се регистрирани нови осум случаи со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 сега изнесува 97, соошти Министерството за здравство.

– Во Црна Гора вчера се потврдени уште шест нови случаи на новиот коронавирус, со што бројот на заразени се искачи на осум.

-Приоритет на Владата на Малта е во време на криза да ги заштити работните места на своите државјани и сите странци кои ќе добијат отказ или останат без работа, ќе бидат депортирани, најави министерот за економија Силвио Шембри.

-Италијанската Влада ја разгледува можноста за воведување на построга забрана за движење откако податоците на телекомуникациските компании покажаа дека преголем број се движат. – Во Ломбардија, регионот најпогоден од епидемијата со Ковид-19, 40 проценти од луѓето се движаат наоколу, изјави вчера регионалниот претставник на Министерството за здравство, Џулио Галера.

-Од денеска на пладне и во следните две недели во Франција е забрането слободното движење. -Потребни се најмалку две недели да се блокира прогресијата на вирусот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Оливие Веран.

-Светската здравствена организација (СЗО) го координира тестирањето на неколку можни лекови за Ковид-19, изјави директорот на организацијата Тедрос Адханом Геберејсус

-Бројот на жртвите од новиот коронавирус во Кина во изминатото деноноќие се зголеми за осум лица, а бројот на заразени за 34, но други 819 лица успеале да се излекуваат, јави доцна синоќа кинескиот Државен комитет за хигиена и здравје. Освен тоа, ниту еден од новите случаи не е од градот Вухан, што беше епицентарот на епидемијата во земјата.

-Маурициус ги потврди првите три случи на коронавирус, соопшти денеска владата на оваа островска земја во Индиски океан.

Коронавирус